Два нови протести во Скопје против поскапувањето на струјата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Два протестни марша против поскапувањето на струјата се најавени за попладнево во Скопје.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вчера на прес-конференција најави нов протест за попладнево против поскапувањето на струјата.

Како што рече тој, протестот ќе почне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.

Протестот, рече Јанушев, ќе започне пред „Палома бјанка”.

Првиот од низата најавени граѓански протести ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата.

И конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) од 18 часот најави протестен мото-синдикален граѓански марш што ќе тргне од „Чаирчанка” и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.

Цел на организирањето, како што соопштија оттаму, е 10 до 20 возила и стотина граѓани, во знак на негодување да се изрази револт за постапката и иницијатива за покачување на струјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот