Два месеци од ужасната несреќа: Ванеса Брајант објави емоционално видео каде Коби зборува за својата ќерка

фото: твитер

Во својата најнова објава на Инстаграм, 37-годишната Ванеса Брајант на свој начин одбележа 2 месеци од најголемата тага, толку помина откако во ужасната хеликоптерска несреќа ги загуби сопругот, кошаркатската легенда Коби Брајант и нивната 13-годишна ќерка Џијана. На својот инстаграм-профил Ванеса објави видео на кое се гледа поранешната НБА ѕвезда како преполн со емоции зборува за тренирање на својата ќерка Џиџи и среќата која таа му ја носи, бидејќи токму како него играла неверојатно кошарка.

View this post on Instagram

??

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant) on

„Започна да игра прво фудбал, кој е исто така мој омилен спорт, а потоа започна да ми бара совети за кошарката и јас започнав да ја подучувам, чекор по чекор, а таа премногу уживаше во тоа. Сега обожава кошарка и ја игра секој ден“, вели во видеото Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот