Два и пол милиони верници на аџилак во Саудиска Арабија

Речиси два и пол милиони муслимански верници учествуваа денеска во симболичното „каменување на ѓаволот” за време на завршните денови на аџилакот во Саудиска Арабија.

Претходно, аџиите вчера се искачија на планината Арафат каде пророкот Мухамед ја одржа последната проповед пред околу 1.400 години, повикувајќи на еднаквост и единство меѓу муслиманите.

Аџилакот е еден од петте столба на исламот и секој муслимански верник треба да го направи барем еднаш во својот живот, доколку има средства за тоа.

Годинава аџилакот се паѓа во време на големи тензии во Заливот, каде во претходниот период имаше напади врз танкери со нафта, уривање беспилотни летала и запленети танкери. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот