Меѓу најдобрите европски градови за живот во пензија се најдоа и по еден од Црна Гора и од Словенија

Фото: Wikimedia Commons

Ако сонувате да живеете во пензија во некој од големите стари градови во Европа, порталот „Јуесњуз“ (Usnews) состави листа на најдобри градови за пензионери.

Земајќи го предвид расположливиот буџет, трошоците за живот и достапноста на недвижностите, составена е листа на топ 10 градови во Европа во кои е најдобро да го поминете пензионерскиот живот.

При креирањето на списокот била земена предвид опцијата за забава, рекреација, но и здравствена заштита, што е важна тема за многу пензионери.

Ова се 10-те најдобри градови за пензионирање во Европа:

– Тавира, Португалија

– Анси, Франција

– Љубљана, Словенија

– Кашкаис, Португалија

– Пафос, Кипар

– Которскиот залив, Црна Гора

– Округ Клер, Ирска

– Париз, Франција

– Пополи, Италија

– Валета, Малта

За Котор, кој од едната страна е опкружен со високи планини, а од друга со блескавиот Јадран, порталот „ЈуЕсњуз“ пишува дека освен по неверојатниот пејсаж, тој е познат и по Стариот град Котор, место на светското наследство на УНЕСКО и можеби најдобро зачуваниот средновековен град на Медитеранот.

Ова е помалку познато, но пријателско, безбедно и пријатно катче на Европа, споредливо со камените села во Италија, но многу попристапно. Старото медитеранско пристаниште Котор, опкружено со градски ѕидини, и припаѓало на Венеција помеѓу 1420 и 1797 година, па венецијанското влијание оставило свој белег на архитектурата на градот.

За Љубљана напишале дека се наоѓа во срцето на централна Европа, меѓу Италија, Австрија, Унгарија и Хрватска. Посочуваат дека тоа е претежно планинска земја, која има и 50 километри медитерански брег.

Исто така, Љубљана се нарекува срцето на Словенија, која има плажи и скијачки патеки. Љубљана, пишуваат тие, е модерен град со сите погодности на животот во 21 век, но во исто време успеа да го задржи шармот на мало гратче. Локалните одгледувачи секојдневно носат домашни производи во градот во дрвени кутии, истакнува „Јуесњуз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот