Два фудбалски спектакли во ист период, ЕП и „Копа Америка“!

фото: твитер

„Копа Америка“ би требало да се одржи во две држави, Аргентина и Колумбија, во периодот од 11 јуни до 11 јули наредната година.

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) денеска одлучи „Копа Америка“ да биде поместена за 2021. година поради пандемијата на коронавирусот.

Претходно првите луѓе на УЕФА донесоа одлука да се одложи Европското првенство исто така за наредната година, па така два големи турнири ќе се играат во истовремено.

На тој начин јужноамериканските фудбалери ќе можат да играат за европските клубови до крајот на сезоната, која според денешниот договор би требало да биде завршена до крајот на јуни.

„Копа Америка“ би требало да се одржи во две држави, Аргентина и Колумбија, во периодот од 11 јуни до 11 јули наредната година.

На „Копа Америка“ освен најдобрите фудбалски репрезентации на Јужна Америка, би требало да настапат и селекциите на Катар и Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот