Два државни рекорди на Миа Блажевска – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Два државни рекорди на Миа Блажевска

Младата пливачка ги поправи најдобрите времиња на 50 метри слободно и 200 метри мешано во кадетска и младинска конкуренција на митингот во Белград.

Најперспективната македонска пливачка, Миа Блажевска Еминова постави два државни рекорди, во кадетска и младинска конкуренција на пливачкиот митинг кој изминатиот викенд се одржа во Белград, Србија.

Блажевска делницата од 50 метри слободно ја исплива со време од 27.10 секунди што е и кадетски и младински рекорд. Таа на крајот заврши на второто место во финалето на пливачкиот митинт во Белград.
Вториот рекорд Миа Блажевска Еминова го постави во кадетска конкуренција. Таа финалната трка на 200 метри мешано ја исплива во време од 2:25.57 минути и повторно се закити со сребрениот медал.

На митингот во Србија учествуваа вкупно 330 пливачи од Словенија, Унгарија, БиХ, Италија, Србија и од Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close