Два дена пред чествувањето на Делчев во сабота, полицијата ја затвори улицата кај Свети Спас

Од околу 18 часот попладнево, затворена за сообраќај е улицата „Самоилова“ под скопското кале, каде се наоѓа црквата Свети Спас, во која во сабота ќе се одбележува годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Од министерството за внатрешни работи најавија дека од попладнево, два дена пред одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ќе ја затворат за сообраќај улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ до крстосницата со „Прохор Пчински“.
Во сабота по улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ ќе се вози само под посебен сообраќаен режим.
По најавите од претседателот Стево Пендаровски дека организирани групи од Бугарија ќе дојдат во Скопје во сабота на чествувањето на Делчев, државните органи го третираат ова како настан од висок безбедносен ризик. Властите нагласуваат дека нема да бидат дозволени провокации и инциденти.
ВИДЕО | Пендаровски: Предложив да им се забрани влез во земјава на повеќе лица од Бугарија