Два дена по ред во Косово нема смртен случај од ковид-19

Според официјалните податоци на Косовскиот национален институт за јавно здравје во изминатите 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и приватните лаборатории биле тестирани вкупно 580 примероци од кои 46 резултираат како позитивни случаи. Нема пријавено смртни случаи со ковид-19 во последните два дена.

Вкупниот број на позитивни случаи е 15.620 случаи од 67.874 за кои постоело сомневање за вирусот САРС-КоВ-2. До сега имало 625 смртни случаи.

Во текот на последните 24 часа, излечени се 62 пациенти, додека вкупниот број на излекувани до денес е вкупно 13.554 случаи, бројот на активни случаи е 1.441.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот