Два дена беа под клуч, погледнете како изгледаат денеска продавниците во северно Косово (ФОТО)

Друштвото на српските бизнисмени на северот на Косово, најави дека денеска ќе бидат отворени продавниците кои од понеделникот беа под клуч.

Затворањето на продавниците беше дел од протестот поради таксите од 100 проценти, кои косовската влада ги стави на производите од Србија и Босна и Херцеговина во ноември минатата година. Според официјална Приштина, поводот за таксите била кампањата на Србија за оспорување на косовската државност.

Како што јавува српскиот портал од Косово, Kossev, во северните општини изутринава пристигнал свеж зеленчук и овошје.

Според други медиуми, поголемиот дел од продавниците сеуште имаат недостаток на млечни производи, пренесува Инсајдери.

Трговците изјавиле дека артиклите биле „пуштени“ да пристигнат вчера и дека пристигнале од Србија и Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот