Два чудни симптома откриваат дека сте имале ковид-19: Едниот ги загрижува мажите, а другиот жените

Науката сѐ уште се обидува да открие повеќе за пациентите кои доживеале долг ковид, а нивните откритија може да ве изненадат.

Покрај познатите симптоми како што се кашлица, температура замор, губење на вкус и мирис, некои пациенти доживеале донекаде и „интимни“ симптоми за кои не се зборува многу, а се јавуваат и кај мажите и кај жените, а во прашање е сексуалниот репродуктивен систем. Проблемите настануваат по заразата со ковид-19. Поконкретно, некои жени забележале промени во менструалниот циклус, а мажите еректилна дисфункција долго по завршувањето на болеста.

Еректилната дисфункција беше претставена како еден од симптомите на коронавирусот во списанието „Весник на ендокринолошки истражувања“ ова лето, каде што научниците открија дека поголем број машки пациенти може да доживеат хипогонадизам – намалено лачење на тестостеронот, излачување на семето или и двете, а ретко, намален одговор на тестостеронот, во споредба со оние кои ја немале оваа болест.

Експертите спомнале и дека доаѓа до намалување на бројот на Лејдиг клетки што се наоѓаат во тестисите и кои помагаат во производството на тестостеронот и се одговорни за сперматогенезата, процес на производство на сперматозоидите што се одвива во семените канали на тестисите. Научниците сметаат дека ова може да биде една од причините за големата разлика во смртноста и хоспитализацијата кај мажите и жените, а и може да објасни зошто вирусот најчесто ги погодува постарите мажи.

Но, и жените доживуваат сексуални и репродуктивни симптоми за кои лекарите веруваат дека се поврзани со хормоните. Научниците велат дека долгиот ковид е поврзан со нивото на хормоните.

Како поддршка на оваа теорија, научниците додаваат дека многу жени забележале влошување на симптомите на ковид-19 пред почетокот на менструацијата – кога нивото на естроген е многу ниско. Тие сметаат дека не е попатна случајност што симптомите на долгиот ковид потсетуваат на симптомите на менопауза – замор, болки во мускулите и зглобовите, вртоглавица…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот