Два авиони со руски дипломати полетаа од Софија кон Москва: Никој од протераните не работеше против Бугарија

Руските дипломати со нивните семејства си заминаа од Бугарија/Фото: Скриншот/БГНЕС видео

Со благодарност заминувам од Бугарија и Бугарите со кои соработувам долги години, изјави денеска за БГНЕС ополномоштениот министер на Руската Федерација во Софија, Филип Воскресенски, кој е еден од протераните руски дипломати.

На прашањето како ќе ја коментира одлуката на бугарската влада, тој изјави дека руската амбасада во Бугарија веќе дала официјален коментар за тоа што се случило, поточно прогласувањето на 70 руски дипломати и функционери за персона нон грата.

-Огромна благодарност до Бугарите кои деновиве ни изразија голема поддршка и не само“, рече Воскресенски и додаде: „Никој од протераните не работеше против Бугарија. Нашето протерување е незаконско и арогантно. Работевме само за развој на руско-бугарските односи, работевме искрено и отворено“.

Тој посочи дека меѓу оние што заминуваат се и генералните конзули во Русе и Варна, како и помошниот персонал во амбасадата во Софија. А за прашањето дали мисијата во Софија ќе биде затворена ќе решава претседателот на Руската Федерација, посочи и Воскресенски.

Два авиони на Руската Федерација денеска пристигнаа на аеродромот во Софија за да ги однесат во татковината протераните 70 дипломати и дипломатски претставници од Бугарија, како и нивните роднини.

Според непотврдени информации, вкупниот број руски државјани кои денеска ја напуштаат Бугарија е околу 170 лица.

Двата авиони полетаа во 15 и 15 часот и 30 минути по локално време. Летовите се од Аеродромот Софија до московскиот аеродром Внуково. На терминалот 2 беа обезбедени четири шалтери за пријавување за патниците.

На 28 јуни премиерот во оставка Кирил Петков објави дека Бугарија повлекува 70 руски дипломати и дипломатски претставници.

„Повлекуваме 70 руски дипломати. Секој што работи за странски интереси ќе биде повикан да се врати во земјата од која дошол“, рече Петков, кој им честиташе на службите за добрата работа.

Најголем дел од Русите на аеродромот пристигнаа со автобуси организирани од дипломатското претставништво на Руската Федерација во Бугарија. Сепак, некои од нив пристигнаа и со автомобили и комбиња.

За да не им пречат, засилено полициско присуство имаше во зградата на аеродромот во Софија, во салонот на Терминал 2, јавија бугарските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот