Два авиони на индиските воздухопловни сили се урнаа, загина еден пилот

Иљушин воен авион фото :EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Два авиони на индиското воено воздухопловство се урнаа денеска, при што загина еден пилот, објави Военото воздухопловство.

„Авионите биле на рутинска мисија за обука за летање. Еден од тројцата пилоти се здобил со фатални повреди. Наредена е истрага за да се открие причината за несреќата”, се вели во соопштението на воздухопловните сили.

Несреќата се случила во близина на градот Гвалиор во државата Мадја Прадеш, додаваат тие.

Официјални лица претходно соопштија дека едниот авион се урнал во Мадја Прадеш, а другиот во соседната држава Раџастан.

Воздухопловните сили не прецизираа за каков тип на авион се работи, но медиумите објавија дека станува збор за авиони Сухој-30 и Мираж 2000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот