Дувњак: Не се сеќавам што се случи во продолженијата

твитер

Најдобриот хрватски ракометар Домагој Дувњак беше најпрецизен во редовите на Хртватска со осум постигнати голови во големиот триумф над Норвешка.

– Пред се морам да им честитам на соиграчите и тренерите за оваа епска борба. Никогаш досега во животот не сум одиграл ваков натпревар, покажавме карактер, продолживме да играме и кога не можевме да стоиме на нозе. Не се сеќавам на половина од тоа што се случуваше во продолженијата. Го гледаш семафорот и се исклучуваш – изјави Дувњак кој на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот