Дутерте: Преземам одговорност, но нема да ми суди Меѓународниот кривичен суд

Родриго Дутерте / Фото: Архива на Слободен Печат

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте потврди дека ја презема целосната одговорност за војната против дрогата, во која досега се убиени илјадници луѓе и нагласи дека никогаш нема да му суди Меѓународниот кривичен суд.

Мандатот на филипинскиот претседател истекува следната година, а тој рече дека ќе се соочи само со филипинскиот суд за сите наводни злосторства.

Дутерте изјави дека ако некој оди во затвор, тоа ќе биде тој, како и дека ќе преземе целосна одговорност.

– Ќе го повторам она што веќе го кажав, ако ја уништите мојата земја и ги уништувате младите луѓе снабдувајќи ги со дрога, ја уништувате иднината, нагласи Дутерте.

Претседателот на Филипините ова го рече еден ден откако Министерството за правда на таа земја соопшти дека ќе изврши ревизија на илјадници убиства, откако беа објавени деталите за првата серија случаи, „што укажува на валкана игра во десетина операции на полицијата во кои беа убиени луѓе”.

Филипините се под притисок на Обединетите нации да ги истражи наводите за систематски убиства на осомничени за трговија со дрога и Меѓународниот кривичен суд, кој соопшти дека ќе ја истражи кампањата на Дутерте за борба против дрогата.

Полицијата уби повеќе од 6.000 луѓе во операциите против дрогата, но активистите велат дека мистериозни вооружени напаѓачи убиле илјадници корисници и трговци со дрога, додека филипинската полиција ги негира наводите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот