Душко Весковски: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува информации за реконструкцијата на улицата „Варшавска”

Душко Весковски/ Фото: Архива на Слободен печат

Фабрикуваните, нецелосните и непотпишани наводни документи со кои манипулира и обвинува ВМРО-ДПМНЕ не се однесуваат на предметната јавна набавка и истите се прикажуваат со цел да се креира конструкција за незаконско работење со цел моја лична дискредитација во пресрет на Локалните избори, изјави денеска генералниот директор на ЈП „Водовод и Канализација”, Душко Весковски.

Весовски, во врска со тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ со која се обвинува дека, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, распишале тендер за реконструкција на водоводна мрежа откако таа завршила, изјави дека смета оти единствен повод за „грубите манипулации за негова лична дискредитација е убедливото водство и високиот рејтинг на сите анкети, вклучително и анкетите на ВМРО- ДПМНЕ, во трката за градоначалник на Општина Карпош”.

Тој на прес-конференцијата ја приложи документацијата за спроведената јавна набавка и изјави дека веднаш ја става на располагање на надлежните органи, и, како што најави, ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување и тужба за клевета.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот