Душко Коцевски назначен за нов директор на ЈП ПОЦ

За нов в.д. директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ градоначалникот Горан Герасимовски  го именуваше Душко Коцевски, кој веднаш стапува на функција, откако на актуелниот директор Васко Кичевски му истече четиригодишниот мандат на чело на ова претпријатие.

Коцевски, во време на мандатот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. беше заменик директор на ЈП „Градски паркинг“

Денеска досегашниот директор Васко Кичевски со отворено писмо до јавноста извести дека му завршува мандатот и дека повеќе нема да раководи со ова претпријатие и ги презентираше реализираните активности и капитални инвестиции во периодот додека беше директор на ПОЦ.

Од Општина Центар не одговорија зошто на Кичевски нема да му биде доверен уште еден мандат – дали е тоа на негово барање или не.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот