Душко ГО МОЛЕЛЕ да дојде кај Карлеуша на роденден: По аферата со Вранеш веќе ништо не е исто

Instagram

Јелена Карлеуша го прослави роденденот во елитен ресторан, но ситуацијата со неа и сè уште законскиот сопруг Душко Тошиќ е видно напната и извештачена, пишува Република.рс.

Јелена на роденденската веселба се појавила со децата Атина и Ника, а Душко дошол доцна во ноќта.

Ексклузивниот извор за српски Телеграф тврди дека по неколку повици од Јелена и молби од Катерина Проданов, сестрата на Душко, тој се појавил само поради присуството на медиумите.

„Јелена неколкупати гледаше во телефонот, а после му се јави на Душко, меѓутоа тој и покрај нејзините повици не се појави. После тоа, Катерина го молеше да дојде и поради медиумите и поради децата кои се навикнале заедно да го слават роденденот на мајка им“, раскажува изворот.

„Кога Душко се појави, беше видно нерасположен, буквално натеран. Ниту во еден момент не беше покрај Јелена. Се гледаше дека парот има проблеми и дека веќе ништо не е исто по наводната афера која Јелена ја имала со Врањеш“, рекол изворот.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот