Дурловски од Вевчани: Македонците се народ кој има обичаи и традиција кои не изумираат

Носител на изборна единица 5, Игор Дурловски заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Вевчани. Од Вевчани, Дурловски посочи дека сите сме Македонци и веруваме во Македонија. Таа верба не може да ја уништи никој, ниту оваа власт.

-Што би правела Македонија без едно Вевчани? Што би правел без вас Вевчанци? Чест и задоволство ми е што сум денес со вас. Секоја година од овде од пркосно Вевчани преку познатиот Вевчански карневал светот се запознава со нашата изворна македонска традиција, која се пренесува од генерација на генерација. И тоа како најскапоцена семејна вредност“, појасни Дурловски.

Дурловски додаде дека Вевчанци директно в лице им ја кажува вистината на сите, упатувајќи една силна порака Македонците се народ кој има обичаи и традиција и кои не изумираат.

-Затоа сум сигурен дека и овојпат Вевчани ќе ја одбере страната на вистината, и ќе ги земе работите во свои раце. Доста беше, оној кој лаже мора да биде поразен од народот. Време е за промени. Ние ќе го носиме товарот на вистината и со тоа, а и со својот авторитет ќе дадеме глас на вистината“, појасни Дурловски.

Дурловски потсети дека три години пред очите на граѓаните се газеше националното достоинство, се редефинираше идентитетот, ја понижија Република Македонија. Поради оваа власт се е предмет на пазар и ништо не е сигурно.

-Овие избори се шанса која не смееме да ја пропуштиме, ова е шанса за нас и за нашите семејства. Ние сме Македонци и веруваме во оваа земја Македонија. Таа верба не можат да ја уништат група на лакоми политичари, кои лесно можат да бидат победени. Да им докажеме заедно дека нема да дозволиме да не потценат и прелажат . Да им докажеме дека сме подобри и помудри од нив“, порача Дурловски од Вевчани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот