ДУРИ СЕГА ПОЧНУВА СКАНДАЛОТ: Се појави побегнатата жена на шеикот од Дубаи – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеЕспресоШоу биз

ДУРИ СЕГА ПОЧНУВА СКАНДАЛОТ: Се појави побегнатата жена на шеикот од Дубаи

Ако изгуби, принцезата Хаја може веќе никогаш да не ги види своите деца

Откако побегна од шеикот, принцезата Хаја е фотографирана пред судот во Лондон, каде започнала борбата за старателство над децата. Со нејзе биле нејзината адвокатка и телохранителот.

Нејзин правен застапник е Фиона Шаклтон, која има долго искуство во разводите на славните личности, меѓу кои и разводот на принцот Чарлс од принцезата Дијана.

И принцезата Хаја и шеикот изјавиле дека оваа судска парница не се однесува на нивниот личен однос, туку само на старателството над децата.

Ако шеикот ја добие оваа правна битка, најверојатно принцезата Хаја веќе никогаш нема да може да ги види своите деца. Поради тоа, таа е многу вознемирена. Многумина очекуваат дека на судењата таа ќе изнесе валкани тајни од нивниот живот, а јавноста и таблоидите едвај чекаат на тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close