Дури пет тренери ја одбија Барселона пред да го назначи Сетиен

фото: твитер

Кике Сетиен на почеток од годинава е назначен за нов тренер на шпанскиот шампион.

Искусниот тренер седна на клупата на каталонскиот клуб на местото на Ернесто Валверде, но медиумите откриваат дека тој не бил првата опција.

Весникот „Ас“ тврди дека Сетиен бил последна опција на управата на клубот откако претходно на дури пет тренери им била понудена работата.

Челниците на Барселона најблиску до договор беа со легендата на клубот Чави Ернандез кој им соопштил дека е заинтересиран да седне на клупата, но тоа би го сторил дури на лето.

Исто така било разговарано и со Роналд Куман, Масимилијано Алегри, Маурицио Покетино и Гарсија Пименто, но ниту еден од нив не се нафатил да стане тренер на Барселона, па поради тоа работата му е понудена на Кике Сетиен. Тој се согласил да ја презеде функцијата, но под услов да добие договор со 2022 година.

Досега Барселона под палката на Сетиен одигра четири натпревари и има скор од три победи и пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот