Дури ПЕТ ПРИЈАВЕНИ СЛУЧАИ за физичко насилство

МВР и полицијата регистрирале пет пријавени случаи на физичко насилство, како и нанесување материјална штета во текот на изминатите 48 часа, на повеќе места низ Македонија.

На 10.08.2019 во 02.45 часот во Полициско одделение Македонска Каменица пријавено е дека на улица „Александар Македонски” пред дискотека имало физичка пресметка меѓу А.С. од М.Каменица од една страна и М.Ц и Б.Ц. од Кочани од друга страна. Потоа, во пресметката се вклучиле и други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.08.2019 околу 00.50 часот во Скопје пријавено е дека на ул. „Цветан Димов“ во близина на угостителски објект М.С.(21) и С. Ј.(20) од Скопје биле физички нападнати од неколку лица, кои го оштетиле и автомобилот на М.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.08.2019 во 00,30 час е пријавено дека на 09.08.2019 околу 21,30 час на ул. „Методија Андонов“ Ченто А.Ј. физички бил нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.
.
На 09.08.2019 во 22,30 час. пријавено е дека на ул.Товарник во Скопје неколку лица физички го нападнале Д.А.. Се работи на расчистување на случајот.

На 10.08.2019 во 01.20 час.С.С (28) од Скопје пријавил дека на 09.10.2019 год. околу 23.50 час. на ул. „Народен Фронт“ во Скопје, пред угостителски објект бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот