Дури и таа има целулит: Реална фотка од Џеј Ло каква што ретко се гледа! (ФОТО)

Profimedia

Латино дивата и американска пејачка Џенифер Лопез (51) оваа недела има доста причини за славење. Покрај 51-от роденден, нејзиниот фантастичен настап на полуфиналето на „Супербол“ е номиниран за „Еми“ награда, а на 27 јули и нејзиниот вереник Алекс Родригез наполни 45 години.

Сега поп-ѕвездата беше фотографирана додека со својот вереник Алекс Родригез за неговиот роденден го бакнуваше во електричното возило на теренот за голф во Њујорк.

Profimedia

Парот го обележа роденденот на Алекс на теренот за голф во Хемпстон, а во таа прилика двајцата изгледаа среќно и вљубено.

Profimedia

Џенифер носела сина „Поло“ маичка и здолниште за голф, како и патики во бела бела и во целата оваа комбинација, таа изгледала прекрасно, додека Алекс носел бела маичка и црни панталони. Се разбира и двајцата носеа заштитни маски за да се заштитат од вирусот.

Profimedia

Џеј Ло ја заврзала косата во пунџа, а на очите носела големи светлосини очила за сонце, додека Алекс на глава носел капче со кое се штител од сонцето.

Но, она што на многумина им паднало во очи се нозете на Лопез, кои од далеку може да се забележи дека на нив има целулит…

Погледнете:

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот