Пред 30 години беше на врвот на кариерата, но сè уште е една од најубавите актерки во Холивуд! (ФОТО)

Courtesy Everett/Profimedia

Американската актерка Мишел Фајфер (62) е на сцената веќе неколку децении, а иако беше на врвот од славата пред скоро 30 години, и денес изгледа преубаво.

Профимедиа

И покрај тоа што има 62 години и понатаму важи за една од најубавите актерки во Холивуд, а во последниот филм „Maleficent: Mistress of Evil“ во кој глуми заедно со Анџелина Џоли, покажа дека нејзината убавина може да се мери и со многу помладите актерки.

Мишел со улогата на Жена-мачка доби многу публика, а актерката која зад себе има три номинации за Оскар остана запаметена и по филмскиот класик „Dangerous Minds“ од 1995 година.

Профимедиа

Има играно и во многу театарски претстави, а едно време паузирала од големите екрани за да се посвети на семејството и да се грижи за децата.

Актерката пред неколку години се врати во светот на глумата, па воодушеви со улогите во филмовите „The Wizard of Lies“ и „Murder on the Orient Express“ од 2017 година.

Профимедиа

Легендарната холивудска актерка на 17 јануари оваа година купи нов имот и вила во Пацифик Палисад, елитниот дел на Лос Анџелес покрај океанот, кој моментално го реновира, а папараците ја забележале додека ги надгледува работите.

Мишел Фајфер со сопругот проверуваат како напредува реновирањето на куќата/Profimedia
Профимедиа

Откако скоро два месеци поминала во изолација поради пандемијата, таа неодамна ги посети работите на својот имот и во таа прилика изгледала перфектно за своите години.

Профимедиа

Актерката со својот втор сопруг Дејвид Е. Кели купи имот во медитерански стил со големина од 10.300 квадратни метри за 22,5 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот