Дури и благиот ковид-19 може да го зголеми ризикот од опасни болести, се појавуваат неколку месеци по инфекцијата

Фото: Профимедиа

Новото истражување објавено во магазинот „Природа“ укажува на опасностите што дури и блага инфекција со коронавирусот може да ни ги донесе и една година по инфекцијата.

Студијата открива дека ефектот на вирусот може да биде разорен многу месеци по првичната инфекција, пренесува „Експрес“.

Станува збор за ризикот од кардиоваскуларни проблеми по ковид-19.

Написот во списанието цитира студија објавена претходно оваа година која ги користела записите од американското Министерство за ветерани за да проценат колку често ковид-19 доведува до кардиоваскуларни проблеми.

Тие откриле дека луѓето кои биле заразени со коронавирусот се соочуваат со 20 отсто поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми, вклучително и потенцијално опасни проблеми како што се срцев удар и мозочен удар.

Анализата на доктор Зијад Ал-Али, епидемиолог на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, и неговите колеги е еден од најсеопфатните напори да се карактеризира што се случува со срцето и кардиоваскуларниот систем по акутната фаза на ковид-19.

Истражувачите споредиле повеќе од 150.000 случаи кои закрепнале од ковид-19 со нивните неинфицирани врсници, како и со контролната група пред пандемијата.

Луѓето кои биле примени на интензивна нега со акутни инфекции имале драматично поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми во текот на следната година.

За некои состојби, како што се отекување на срцето и крвни згрутчувања во белите дробови, ризикот се зголемил за најмалку 20 отсто во споредба со оние кои немале ковид-19.

Но, дури и луѓето кои не биле хоспитализирани имале зголемен ризик од многу состојби, во распон од осум отсто зголемена стапка на срцеви удара, па и до 247 отсто зголемена стапка на воспаление на срцето.

За д-р Ал-Али, студијата обезбедила и повеќе докази дека ковид може трајно да го промени здравјето на некои луѓе.

„Истражувањата покажуваат дека коронавирусот е поврзан со широк спектар на трајни проблеми, како што се дијабетес, трајно оштетување на белите дробови, па дури и оштетување на мозокот“, се наведува во магазинот „Природа“.

Како и кај овие состојби, д-р Ал-Али рекол дека кардиоваскуларните проблеми што се појавуваат по инфекцијата со новиот коронавирус може фолготрајно да го намалат квалитетот на животот на една личност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот