Дури 64 возачи од Скопје казнети за брзо возење

Полиција/ фото: МИА

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека изречени се и три санкции за користење мобилен телефон, 14 прекршоци кои ги чинат возачи на мотоцикли, 19 санкции за непрописно паркирање.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 133 мерки, меѓу кои 64 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека изречени се и три санкции за користење мобилен телефон, 14 прекршоци кои ги чинат возачи на мотоцикли, 19 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Видео на денот