Дури 59% од заразените пријавиле еден ист симптом на коронавирусот без оглед на тежината на клиничката слика

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Истражувачите велат дека овие статистички податоци се доказ за губењето на чувството за мирис и вкус е многу подобар показател дека лицето е заболено од Ковид – 19 вирусот, отколку високата температура.

Научници од универзитетот Кингс колеџ Лондон (КЦЛ) ги следеле сите симптоми на коронавирусот кај регистрираните пациенти за да утврдат кои се најчестите показатели на инфекцијата Ковид-19, пишува Дејли стар.

Како главен показател дека лицето е заболено од новиот коронавирус се наведува губењето на сетилото за мирис и вкус, а експертите напоменуваат дека токму тоа би можело да биде најдобар начин да се утврди дали имате Ковид – 19.

Научниците од универзитетот Кингс колеџ Лондон ги следеле симптомите преку посебно креирана апликација. До 31. март апликацијата Covid Symptom Tracker имала над 1,8 милиони корисници кои секојдневно ги пријавувале своите симптоми на болеста.

Од 1,5 милиони луѓе, кои се регистрирани до 29 март и чии тестови покажале позитивни резултати, 59 отсто пријавиле губење на сетилото за мирис и вкус, во споредба со 18 отсто од корисниците чии тестови биле негативни, покажала анализата на податоци.

Истражувачите велат дека овие статистички податоци се доказ за губењето на чувството за мирис и вкус е многу подобар показател дека лицето е заболено од Ковид – 19 вирусот, отколку високата температура.

Тимот кој стои зад апликацијата разви модел според кој лицето може да ги пријави главните симптоми или нивната комбинација – губењето на мирисот и вкусот, треска, упорна кашлица, замор, диареја, болки во стомакот и губењето на апетит, и соопшти дека најсилен предзнак на болеста е губењето на мирусот и вкусот.

Три главни симптоми на коронавирусот, кои се манифестираат во рана фаза од болеста се: сува кашлица, висока температура и замор.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека можат да се појават и други симптоми како што се недостаток на здив, болки во телото, како и болка во грлото. Некои луѓе исто така пријавиле губење на сетилото за мирис и вукс, како и болки во стомакот.

Можни се и асимптоматски случаи – луѓето се инфицирани, но не покажуваат никакви симптоми, ниту се чувствуваат лошо.

Доколку имате дури и благи симптоми на коронавирусот, совет е да се изолирате на седум дена од моментот кога знаците на болеста се појавуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот