Дури 40 јапонски градови не сакаат да ги нагостат олимпијците

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Организаторот на Олимписките игри кои треба да се одржат летово од ден во ден се соочува со нови проблеми. Градот домаќин Токио е под карантин поради пандемијата на коронавирусот, јавните анкети во главниот град на Јапонија покажуваат дека граѓаните не сакаат Олимписките игри да се одржат летово, а организаторот сега се соочува со нови проблеми кои му ги задаваат останатите јапонски градови.

Имено, 500 градови во Јапонија се регистрирани да го дочекаат олимпијците и да организираат тренинг кампови, меѓутоа 40 од нив одлучија да не го прават тоа поради преоптеретените медицински капацитети.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат минатата година, но поради пандемијата на коронавирусот се одложени за оваа година и треба да се одржат од 23. јули до 8. август.
Во Јапонија денеска се пријавени повеќе од 7.000 новозаболени од коронавирус, но најголем проблем за јапонските власти претставува малиот број на вакцинирани луѓе, бидејќи само 2.8 проценти од населението во Јапонија се вакцинирани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот