Дури 17 повредени во 30 сообраќајки

Фото: МИА / илустрација

Шест лица се здобиле со потешки повреди, а 11 се полесно повредени во 13 од вкупно 30 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Повредени биле еден возач на мопед, еден возач, двајца сопатници на патнички возила и двајца велосипедисти. Во 17 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај се исклучени 232 возачи кои возеле побрзо од  дозволеното, 39 кои биле под дејство на алкохол, 62 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и пет возачи почетници.

Сообраќајната полиција издала 144 казни за непрописно паркирање, 53 за нерегистрирани возила и една казна за претовар. Со специјалното возило „пајак” подигнати се 103 возила.

Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз подалеку од пешачки премин, 12 кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за неправилно престројување и седум за неправилно престигнување.

За време на викендот сакционирани се и 22 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, 13 возачи кои не носеле сигурносен појас и 44 возачи на мопед, мотор и мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот