Дури 16 градови во САД побараа активирање на Националната гарда (ФОТО)

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW 

Во Лос Анџелес, властите уапсија околу 400 луѓе во саботата и соопштија дека еден полицаец се здобил со скршена вилица откако бил удрен со цигла, објави Си-ен-ен. Во Аризона, гувернерот Даг Дуси итна вонредна состојба и полициски час во неделата.

Најмалку 30 градови во САД беа погодени од масовни демонстрации во текот на викендот поради смртта на Џорџ Флојд од рацете на полицијата повеќе од 12 воведоа полициски час и најмалку 16 побараа активирање на Националната гарда, пренесува „Њујорк пост“.

Пожарите, грабежите и тепачките продолжија за време на протестите и вчера на национално ниво, откако по судирите меѓу демонстрантите и полицијата стотици луѓе завршија во притвор, а десетици беа повредени претходната ноќ.

Санта Моника, Калифорнија, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Состојбата го натера гувернерот на Тексас, Грег Абот, да прогласи состојба на катастрофа, а градоначалникот на Чикаго, Лори Лајтфут, беше меѓу последните што ја повикаа Националната гарда – повеќе од 5.000 полицајци сега се распоредени низ целата земја.

„Треба да се срамите од себеси“, им напиша Лајтфут на жителите на Чикаго во објавата на Твитер. „Она што го направивте е обесчестување на нашиот град и на неговото долго и гордо наследство како лидер на смели и енергични мирни протести“.

Лос Анџелес / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Во Лос Анџелес, властите уапсија околу 400 луѓе во саботата и соопштија дека еден полицаец се здобил со скршена вилица откако бил удрен со цигла, објави Си-ен-ен. Во Аризона, гувернерот Даг Дуси прогласи итна вонредна состојба и полициски час во неделата.

Лос Анџелес / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„Ова ѝ дава на полицијата дополнителна алатка за да ги спречи беззаконието што го гледаме во градовите низ целата земја. Полицијата ќе биде опремена да уапси лица што планираат да бунат, ограбуваат или да предизвикаат штета и немири “, напиша тој на Твитер.

Сент Пол, Минесота / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG
Сент Пол, Минесота / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Минеаполис – каде што Флојд, кој е Афроамериканец, почина додека беше притиснат на земја со коленото од бел полицаец – веќе шестиот ден го тресат масивни протести. Комесарот за затвори во Минесота, Пол Шнел, на прес-конференцијата во неделата рече дека во градот сега има невидено присуство на Националната гарда и полицијата.

Mинеаполоис / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Бројот на припадници на гардата во градот се зголеми на 4.100 во неделата од 700 во петокот, и се очекува да достигне 10.000, објави „Минеаполис стар трибјун“.

Претседателот Доналд Трамп ја пофали работата на Националната гарда во саботата вечерта и ги охрабри другите да ја искористат.

„Честитки до нашата Национална гарда за одличната работа што ја завршија веднаш по пристигнувањето во Минеаполис, Минесота, минатата ноќ. Анархистите, предводени од АНТИФА, меѓу другите, брзо беа затворени. Градоначалникот требаше да го стори тоа првата вечер и немаше да има проблеми!“ напиша американскиот претседател Доналд Трамп во неделата. Во меѓувреме Твитер сокри негов твит со објаснување дека објавата поттикнува насилство.

Објавата на Трамп која беше скриена од Твитер / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Исто така, првиот човек на Фејсбук, наводно при телефонскиот разговор кој го реализирал со Трамп, Марк Закерберг му порачал на претседателот да „олади малку“.

Твитер го сокри твитот на Трамп: Kога ќе почнат грабежите, ќе почне и пукањето

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот