ДУРИ 10 МИЛИОНИ ДЕЦА ЗАГРОЗЕНИ ОД ГЛАД ВО АВГАНИСТАН: Војна, сиромаштија и пандемија ги оставаат во борба за гол живот!

Фото: EPA / HEDAYATULLAH AMID

Околу 10 милиони деца во Авганистан годинава се изложени на ризик од недостиг на храна, соопшти денеска хуманитарната организација „ Save the Children “, барајќи донации од 1,3 милијарди долари за помош.

„Нешто повеќе од 18 милиони Авганистанци, вклучувајќи и 9,7 милиони деца, имаат огромна потреба од основни средства за егзистенција, вклучувајќи и храна“, се вели во соопштението на АП.

Организацијата побара 1,3 милијарди долари донации за помош во 2021 година, а Крис Нијаманди, нивниот директор во Авганистан, рече дека населението во таа земја во моментов страда тројно повеќе од насилните конфликти, сиромаштија и пандемијата со вирусот.

Фото: EPA / HEDAYATULLAH AMID

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Стефан Џикариќ, најави дека во јануари ОН и нејзините партнерски организации ќе бараат 1,3 милијарди долари хуманитарна помош за 16 милиони Авганистанци, на кои таа им е потребна годинава.

– Тоа е очајно лоша состојба за која е потребно итно внимание од меѓународната заедница – рече тој.

Фото: EPA / HEDAYATULLAH AMID

Тој истакна дека станува збор за многу поголема бројка од онаа од минатата година, кога на 2,3 милиони луѓе им требаше помош за да ги спасат своите животи, истакнувајќи дек ситуацијата годинава е доста полоша. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот