Дурент го прогнозира финалето во НБА и во него не го гледа Леброн Џејмс

twitter.com/sport

Ѕвездата на Бруклин нетс го прогнозираше исходот од годинешниот плејоф во НБА лигата.

Кевин Дурант кој поради тешката повреда здобиена во минатогодинешното финале одлучи да ја пропушти цела сезона, ги коментираше случувањата во НБА лигата. Според него, во големото НБА финале нема да играат ЛА Лејкерс и Леброн Џејмс.

– Доколку морам да изберам иако мразам да го правам тоа бидејќи никогаш не знаете што ќе се случи, а тоа се виде и минатата година, тогаш прогнозирам дека во финалето ќе играат ЛА Клиперс и Милвоки бакс – изјави Дурент за ЕСПН.

– Предност им давам на Клиперси, тие имаат подолга клупа. Не го имаа целиот тим здрав но нивниот талент е неоспорен. Ги имаат Каваи Ленард и Пол Џорџ на крилните позиции, а добрите крила се тоа што е потребно за победа. Тоа се двајца играчи кои ќе меѓу најдобрите во НБА на таа позиција.

ЛА Клиперс моментно се втори на табелата во Западната конференција со скор 45-22, додека Милвоки е лидер на Истокот со 54-14 , но имаат серија од два порази по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот