Дурент ги одби „воините“

Кевин Дурант иако идната сезона нема да одигра ниту една минута поради повредата на ахиловата тетива, на 1 јули ќе стане неограничено слободен агент откако одлучи да не ја активира клаузулата од договорот за следната сезона.

Познатиот новинар на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека Дурент одби да остане во Голден Стејт вориорс со актуелниот договор кој ќе му донесеше 31.5 милиони долари во следната сезона.

Дурент на 1 јули ќе стане неограничено слободен кошаркар и ќе може да потпише максимален договор со заинтересираните екипи. Спроед Војнаровски, во игра се само три клуба, Голден Стејт вориорс кој најави дека ќе му понуди максимален договор кој би изнесувал 220 милиони долари за пет години, Њујорк никс и Бруклин нетс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот