Дурант: Понекогаш го мразам циркусот во НБА
Кевин Дурант летово одлучи да го напушти Голден стејт вориорс и како слободен играч потпиша за Бруклин нетс, но поради повредата на ахиловата тетива ќе ја пропушти новата сезона. Тој во интервју за „Вол стрит журнал“ зборуваше за пречекот по зминувањето од Оклахома сити тандер но исто така призна дека понекогаш го мрази циркусот во НБА лигата.
– Има денови кога го мразам цискусот во НБА лигата. Има денови кога мразам што играчите дозволуваат славата која доаѓа од настапите во НБА да го променат начинот на размислување за кошарката. Понекогаш не сакам да бидам во близина на луѓето од управите на екипите и политиката – вели Дурант.
Kevin Durant says he isn't always a fan of the business that comes with being an NBA player. https://t.co/IcMQ2UyDml pic.twitter.com/sm1MuIMMde
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) September 10, 2019
Дурант првите девет години од кариерата ги помина во Оклахома сити тандер и во тоа време дури четири пати беше најдобар стрелец во лигата, а во 2014 година го доби и МВП признанието. Навивачите го обожуваа, а тој со задоволство прифаќаше да биде дел од многу хуманитарни акции. Но, во 2016 година одлучи како слободен играч да потпише за Голден стејт кои неколку недели претходно ги исфрлија Дирант и Оклахома сити од плејофот. Тој потег не му го простија ниту навивачите ниту екипата.
– Кога се вратив, ме пречека токсична атмосфера во салата. Луѓето од клубот, тренерскиот тим, гардероберите, никој не сакаше да разговара со мене иако поминав девет години во тој клуб. Сè уште се прашувам зашто така реагираа – открива Дурант.