Дурант ги однесе „воините“ на пресметка со Хјустон (ВИДЕО)

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Голден стејт вориорс потешко од очекувањата со 4:2 во победи го елиминира ЛА клиперс и се пласира во полуфиналето на Западната конференција. „Воините“ во шестиот натпревар победија со 129:110 и тоа благодарение на фантастичниот Кевин Дурант кој натпреварот го заврши со 50 постигнати поени.

Дурант во првото полувреме постигна 38 поени со што се израмни со Чарлс Баркли на второто место на вечната листа по бројот на поени во прво полувреме на плејоф натпревар. Рекордот изнесува 39 поени и е во сопственост на Мајкл Џордан.

Покрај Дурант, одлична вечер имаа и Стеф Кари со 24 поени и Дрејмонд Грин кој оствари трипл-дабл од 16 поени, 14 скокови и 10 асистенции.  Кај ЛА Клиперс, најпрецизен беше Данило Галинари со 29 поени.

Првиот натпревар помеѓу Голден стејт и Хјустон во полуфиналната серија ќе се игра в недела, додека полуфиналните пресметки во Источната конференција помеѓу Торонто –Филаделфија и Милвоки – Бостон започнуваат вечерва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот