Дупнатите гасоводи во Балтикот веќе се напола испразнети, хаваријата за три дена загадила колку цела Данска четири месеци

Данските безбедносни сили се на повишен степен на тревога поради хаваријата на гасоводот „Северен поток“ / фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Повеќе од половина од гасот од оштетените гасоводите „Северен поток-1″ и „Северен поток-2″ веќе е испуштен во водите на Балтичкото Море, соопшти данската Агенција за енергетика.

Агенцијата ДПА пренесува изјава на шефот на Агенцијата, Кристофер Боцау, кој вели дека истекувањето е толку обемно што според сегашното темпо се очекува двата гасаводи до в недела да бидат целосно испразнети.

Гасот што излегува главно е метан и според пресметките на данската агенција, неговото влијание врз климата е еквивалентно на третина од количните што се испуштаат во Данска за цела година.

Сепак од Агенцијата уверуваат дека не постои ризик по здравјето на населението, ниту за жителите на островот Борнхолм во Балтичкото Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот