Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап

твитер

Швеѓанецот Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап во сала на митингот во Торуњ.

Новото најдобро остварување во сала изнесува 6.17 метри, а доаѓа само четири дена откако не успеа да го собори рекордот на митингот во Сизелдорф.

Претходниот светски рекорд го држеше Французинот Рено Лавилени и изнесуваше 6.16 метри, а беше поставен во февруари 2014 година на митингот во Доњецк, Украина.

– За вакво постигнување сонував уште кога имав три години. Ова ќе биде голема година за мене, и на најдобар начин ја започнав – изјави Дуплантис.

Арманд Дуплантис се актуелен европски шампион во скок со стап, а минатата година на светското првенство го освои сребрениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот