Дупка во земјата ПРОГОЛТАЛА КУЌА додека во неа биле таткото и трите сина (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Татко и неговите три сина од Гватемала загинале откако свлечиште им ја проголта куќата.

Заради поместување на земјиштето, се отворила голема дупка, а куќата стоела на работ.

Во несреќата настрадале Франциско Лукс (39) и три деца од три, шест и десет години. Нивните тела биле пронајдени во рушевините.

За време на несреќата, мајката била надвор купувајќи храна за појадок, а кога дознала што се случило, таа се шокирала.

Во близина имало тинејџер кого спасувачите успеале да го спасат, а тој со неколку скршеници бил префрлен во болница.

Дупката се отворила по обилните дождви кои го навлажниле веќе мекото земјиште.

Дождовната сезона во Гватемала почнала во мај, а до сега однела 12 животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот