Дупјачанец: Многу значи за Металург да игра против силни европски екипи!

Фото: rkmetalurg.mk

Денеска во утринските часови Металург замина за Белград од каде има лет за Париз, а потоа и локален лет за Тулуз.

Во попладневните часови ракометарите предводени од тренерот Зоран Кастратовиќ ќе го одржат својот тренинг во „Палатата на спортовите“ во Тулуз, каде утре (вторник, 20. октомври) ќе се одигра натпреварот од првото коло на групната фаза на Лига Европа.

Оваа средба е закажана со почеток во 18.45 часот, а ќе ја судат Романците Пирву Михаи и Потирниш Раду, додека делегат е Дибеду Жан-Филип од Франција. В среда Металург по истиот редослед ќе се враќа во Скопје.

Македонскиот репрезентативец Серафимов позитивен на ковид-19!

Потсетување дека „сино-белите“ во квалификациите успеаја да ги елиминираат Спачва (Хрватска) и Криенс (Швајцарија) и се најдоа во групата „А“ со Чеховски Медведи, Адемар, Висла Плоцк, Тулуз и Аон Фиверс.

Голманот и воедно капитен на ракометниот клуб Металург, Даниел Дупјачанец ја гледа групната фаза како можност клубот уште повеќе да расте во текот на следните неколку месеци.

– Мојата примарна цел ќе биде нашиот тим да расте натпревар по натпревар. Бидејќи да се игра 10 натпревари против силни европски екипи значи многу за нас во стекнувањето искуство и бидеме подобри – се зборовите на Дупјачанец за официјалниот сајт на ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот