Дуковски: Во телефонот на Бојан има разговори, ОЈО се спротивставуваше на тој доказ

Бранителот на Бојан Јовановски, адвокатот Сашо Дуковски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека Обвинителството апсолутно не го докажало обвинението и ова е еден од најслабо водените предмети.

Прилично долго време сум адвокат, рече Дуковски, особено во кривично-правната област и сметам дека ова е еден од предметите коишто беше најслабо воден, со загрозување на минималните права на обвинетиот, него не му беше дозволено да даде исказ во фаза на истрага, беа криени докази.

-Апсолутно не го докажаа обвинението. Ова е еден од предметите, кои беше најслабо воден, истрагата беше најслабо водена, на обвинетиот не му беше дадено да даде исказ, се криеја докази. Една работа ме шокираше и јас како правник до ден денес не можам да прифатам: се вели врз основа на доказите, а нема докази во овој предмет. Гледате една торба со банкноти од 50 евра и после гледате еден човек како ја мавта таа торба- рече Дуковски.

Милион евра во банкоти од 50 евра тежат 22 килограми, рече Дуковски, ние не видовме дали има пари во торбата. Видовме женски раце кои ги бројат парите и потоа во друга снимка излегување со торбата.

-Втората работа е одбивност од ОЈО да го вештачи телефонот на Бојан Јованоски. Ако имате чист предмет, што имате од повеќе докази. Обвинителството толку се спротивставуваше на тој доказ, што попрво ќе дозволеше да се урне зградата. Во телeфонот на Бојан има разговори и докази кои ќе ја расчистат фактичката состојба, вели Дуковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот