Дуковски: Боки 13 не може да се движи, мора некој да го носи до тоалет

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нечовечки третман и тортура се случува врз обвинетиот Бојан Јовановски, обвини денеска на прес конференција неговиот адвокат, Сашо Дуковски. Според него, Боки 13 секој ден бил омаловажуван поради неговата сексуална ориентација од страна на медицински лица, кои, како што тврди Дуковски, коментирале, „Нека умре педерот“.

– Тој не може сам да се движи. Мора некој да му помага да појде до тоалет. Поради здравствени проблеми со желудникот, храната и желудочната киселина се слева во дишните патишта кога тој лежи. Тогаш може веднаш да почине. Доктор Зоран Спировски даде мислење итно болнички да биде згрижен Јовановски. Но тоа не се дозволува од затворскиот лекар кој му вели тој посебен режим да го спроведе во ќелијата каде што е сместен. На 14 октомври му е утврдено дека левиот бубрег не му функционира. Дадена му е антибиотска терапија со најјак антибиотик. Низа лекари предлагаат во клинички услови да биде згрижен. Но, повторно ништо, не му се дава антибиотска терапија. До денес Јовановски 30 пати бил носен на лекарски интервенции. Здрав човек не се носи толку пати – нагласи Дуковски.

За многу лица кои биле во притвор и имале полесни дијагнози побарале и добиле замена на затворскиот притвор, тврди адвокатот, но тоа не важело и за неговиот клиент.

Дуковски нагласи дека медицинска терапија дадена од субспецијалист која му била препишана на Јовановски од затворскиот лекар не му била давана три недели и најави дека против затворскиот лекар ќе поднесе кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот