Дука: Нема новозаразени, но нема ниту сомнителни случаи со Ковид-19 во Дебар

Тој информираше дека како општински Оперативен штаб, со кој раководи, досега распределиле хуманитарна помош на 1.000 семејства.

Епидемиолошката ситуација е стабилна, нема ново заразени а во Општата болница во Дебар нема ниту пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на Ковид-19,изјави на денеска градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Како проблем кој се јавува во градот,според Дука е градската депонија,каде според стручните лица,ноќта спроти недела беше подметнат пожар, во чие гаснење максимално беа ангажирани дебарските пожарникари и комуналци. Додаде дека во тек се активности за откривање на предизвикувачите на пожарот,од чиј чад и смрдеа се гушеше целиот град.

– Друг проблем е водата за пиење, кој за мене е приоритет над приоритетите и се залагам за побрзо решавање на истиот. Привремено преземени се активности за откривање на диви приклучоци во водоводнета мрежа а со цел сите граѓани да имаат подеднакво вода за пиење воведена е рестрикција во снабдувањето од 13:00 до 17:00 часот – рече Дука.

Тој информираше дека како општински Оперативен штаб, со кој раководи, досега распределиле хуманитарна помош на 1.000 семејства. Градоначалникот ги отфрли гласините дека распределбата е неправична и нагласи дека помошта се распределувала според список составен од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, општинската организација на Црвен крст и хуманитарни организации кои делуваат во градот,з а што постои и соодветна документација.

На крај повторно упати апел граѓаните кога излегуваат во град да носат заштитни маски и да ја почитуваат физичката дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот