Дујовски: Можевме и до трите бода против Шкендија

Дујовски (ФК Брегалница) го постигна неговиот најубав гол во кариерата/Фото: fkbregalnica.mk

Брегалница ремизираше со актуелниот шампион Шкендија во повеќе од возбудлив натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига, кој беше заокружен со прекрасниот погодок на Владимир Дујовски во втората минута од судиското продолжение за конечни 3:3.

„Сините“ одиграа квалитетен меч во кој беа поблиску до триумфот по двете водства, но дозволија на крајот и да спасуваат бод по пресвртот на гостите. Кога се чинеше дека Шкендија ќе отпатува со бодовите, на крајот пресуди проектилот на Дујовски за 3-3.

– Доколку се погледне целиот натпревар и се анализира мислам дека можевме и до трите бода на овој дуел. Постојано имавме контрола на играта и резултатот против големиот фаворит се до финишот од средбата. Но, на крајот ете мораше и да извлекуваме бод – вели Дујовски.

За погодокот кој го одбележа колото во македонскиот фудбал.

– Едноставно помислив интуитивно дека можам да шутнам и да погодам. Целта ми беше шутот да биде што посилен, и на крајот го постигнав најубавиот погодок во мојата фудбалска кариера, и тоа така значаен на еден ваков натпревар против шампионот. Во секој случај, среќен сум што правдата на крајот беше задоволена. Затоа што не заслуживме да загубиме – рече Дујовски.

Во следното, 4. коло, од ПМФЛ веќе во недела (22. август) Брегалница гостува на Борец во Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот