ДУИ во кавга со Венецијанската комисија, меѓународната заедница молчи

Не стивнуваат реакциите на политичките партии од власта и од опозицијата и од двата политички блока, македонскиот и албанскиот. Единствено што не слушнавме по реакции на партиите на Албанците дека нема да ги прифатат препрораките на Венецијанската комисија, е ставот на меѓународната заедница. И по 4 дена жестока дебата во јавноста молчат.

Собраниски извори за „Слободен печат“ потврдуваат дека и денеска ВМРО-ДПМНЕ не ги поднесе амандманите за Законот за уптореба на јазиците кои ги најавува веќе неколку денови.

И денеска партиите на Албаниците ни за милиметар не попуштаат во ставот дека Законот за употреба на јазиците ќе остане во форма каква што е изгласан во Собранието. Според нив мислењето од Венецијанската комисија не било обврзувачко. А Комисјата пак тврди дека законот е неевропски. Препорачува укинување на двојазичноста во судството.

И додека ДУИ е во кавга со Венецијанската комисија, Минситерката за правда Рената Дескоска порачува дека препораките на Венецијанскта ќе се почитуваат.

– Вие не можете ништо да смените во Собранието без двотретинско мнозинство и верувам дека сите ќе бидат свесни за потребата од ефикасна правда во државата – рече Дескоска.

Од друга страна пак, собранискиот спикер Талат Џафери со порака дека пратениците Албанците не се расположени за менување на веќе донесениот Закон за употреба на јазиците.

– Сметам дека ниеден предлагач кој и да е, во однос на евентуални дополнувања на Законот за употреба на јазиците, нема да најде соодветна поддршка кај пратениците Албанци, имајќи предвид дека тие го сочинуваат двојното мнозинство. Во дадениот момент мислам дека таква подготвеност кај пратениците Албанци не постои – рече претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

Спикерот Џафери ги потсети пратениците од ВМРО – ДПМНЕ кои веќе неколку дена најавуваат амандмани, дека Законот бил донесен со двојно мнозинство, посочувајќи дека без Бадентер измените нема да поминат.

За „Слободен печат“ собраниски извори велат дека партијата на Христијан Мицкоски и денеска до Собранието не ги доставила амандманите за Законот за употреба на јазиците.

Додека пратеникот Артан Груби тврди дека не знаеле дека до Венецијанскта комисија бил испратен целиот закон., туку само дека очекувале да бидат испратени делови од закнот за парите, хартиите од врдност и униформите, премиреот Заев го демантира.

Груби не знаел затоа што не бил член на Владата, но затоа пак Владата има записник од дебатата за Законот.

– Ние сите мора да бидеме искрени во нашите намери кога работиме за оваа држава затоа и правиме храбри чекори во делот на овозможување на одредени права на нашите граѓани. Затоа и се доставени двата члена, но и целиот Закон – рече Заев

Премиерот најави дека деновиве ќе се формираат и работните групи на кои како што рече, заедно коалициски ќе го утврдат начинот како да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија. Тој смета дека коментирањето од сите страни по ова прашање за Законот за јазици е заради тоа што доаѓаат избори, но, како што рече, без разлика на тоа законските решенија некогаш и живот значат за граѓаните.

Што препорача Венецијанската комисија за употребата на македонскиот јазик?

„Што се однесува до наставата на македонски јазик, забележува дека албанските студенти започнуваат со изучување на македонскиот јазик само во трето одделение, за два часа неделно, а од шесто одделение за три часа неделно. Венецијанската наведува дека ова е недоволно за да се стекне со владеење. Тоа, уште повеќе, бидејќи има само неколку можности во секојдневниот живот за албанските студенти да го користат и практикуваат својот македонски јазик и вештини. Ова се должи, меѓу другите причини, на одвојувањето во училиштата помеѓу македонски и албански студенти, што е долгогодишен голем проблем во земјата“, пишува во извештајот на Венецијанскта комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот