ДУИ: Таравари го цитира Хитлер, да се извини и веднаш да ја избрише објавата

Арбен Таравари/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Од политичката партија ДУИ вечерва излегоа со реакција на последната Фејсбук објава на градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса, Арбен Таравари.

– Неверојатно, но за жал вистинито. Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна, бесмислена и неиспровоцирана метафора напишана на неговата Фејсбук страница.

Таравари бесрамно го цитира Хитлер: „пошто народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта!“
Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, на граѓаните и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук, се вели во реакцијата на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот