ДУИ СО УСЛОВ ДО СДСМ: Бежовска во финансии, Бесими за гувернер!

Премиерот Зоран Заев за нова министерка за финансии може да ја именува само актуелната гувернерка на Народна банка, Анита Ангеловска Бежовска, а на нејзино место да биде именуван поранешениот министер за економија, Фатмир Бесими. Ова е условот што Демократската унија за интеграција му го поставил на СДСМ, по одлуката на Антикорупциска, премиерот да не може целосно да ја остварува и функцијата министер за финансии.

Од ДУИ за весникот Коха велат дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години, за назначување на Бесими на чело на Народната банка на Македонија, бидејќи тоа било исто така и една од точките на договорот за владејачката коалиција.

„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбра професионалец, да раководи со Народната банка на Северна Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.

Весникот „Kоха“ дознава дека во СДСМ биле запрени обидите за именување на нов министер за финансии, бидејќи ДУИ го потсетил премиерот за функцијата гувернер.

Сега, по одлуката на Антикорупциска дека Заев не може да биде и министер за финансии и премиер и кога потписот и печатот на Министерството е во рацете на заменик-министерката Ширете Елези, премиерот размислувал за ново име, со цел државната каса да биде во рацете на СДСМ.

Анита Ангеловска Бежовска беше назначена за гувернер поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на тогашниот претседател, Ѓорѓе Иванов, дека нема да ја поддржи кандидатурата на Фатмир Бесими за гувернер на НБСМ. Инаку, со формирањето на Владата, ДУИ не го криеше договорот за назначување на Бесими на чело на НБСМ, што беше потврдено и од премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот