ДУИ СО УСЛОВ ДО СДСМ: Бежовска во финансии, Бесими за гувернер!

Премиерот Зоран Заев за нова министерка за финансии може да ја именува само актуелната гувернерка на Народна банка, Анита Ангеловска Бежовска, а на нејзино место да биде именуван поранешениот министер за економија, Фатмир Бесими. Ова е условот што Демократската унија за интеграција му го поставил на СДСМ, по одлуката на Антикорупциска, премиерот да не може целосно да ја остварува и функцијата министер за финансии.

Од ДУИ за весникот Коха велат дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години, за назначување на Бесими на чело на Народната банка на Македонија, бидејќи тоа било исто така и една од точките на договорот за владејачката коалиција.

„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбра професионалец, да раководи со Народната банка на Северна Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.

Прочитајте и...  Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Весникот „Kоха“ дознава дека во СДСМ биле запрени обидите за именување на нов министер за финансии, бидејќи ДУИ го потсетил премиерот за функцијата гувернер.

Сега, по одлуката на Антикорупциска дека Заев не може да биде и министер за финансии и премиер и кога потписот и печатот на Министерството е во рацете на заменик-министерката Ширете Елези, премиерот размислувал за ново име, со цел државната каса да биде во рацете на СДСМ.

Анита Ангеловска Бежовска беше назначена за гувернер поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на тогашниот претседател, Ѓорѓе Иванов, дека нема да ја поддржи кандидатурата на Фатмир Бесими за гувернер на НБСМ. Инаку, со формирањето на Владата, ДУИ не го криеше договорот за назначување на Бесими на чело на НБСМ, што беше потврдено и од премиерот Зоран Заев.

Прочитајте и...  Ќе можат ли без Фејсбук: Филипинскиот претседател им се закани дека ќе им го забрани

Прочитај повеќе

Општина Кисела Вода: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата наменета за ребалансот на буџетот

Слободен печат

Азербејџан се закани со уништување на ерменските ракетни системи Ѕ-300

Слободен печат

Бислимоски: Доколку компаниите се подготвени да работат со загуба, ние за 24 часа ќе ја промениме одлуката за цената на струјата

Слободен печат

Како во филм: Жена се породила во такси пред велешката болница

Слободен печат

Стопанската комора за туризам ќе се произнесе за мерките откако ќе го добие текстот од Владата

Слободен печат

Шахпаска: Не е целосно исполнет капацитетот во градинките, 47 деца и 14 вработени се во изолација

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Директна поддршка за над 283 000 граѓани со четвртиот пакет мерки, најави Шахпаска

Слободен печат

Геогриевски: Набавуваме таблет за учениците и компјутери на наставниците за успешен почеток на онлајн наставата 

Слободен печат

Војната меѓу Азербејџан и Ерменија продолжува: Над сто жртви на двете страни

Слободен печат

Османи: Ќе ги интензивираме контактите со Бугарија за да се изнајде решение за несогласувањата

Слободен печат

Помпео: Ерменија и Азербејџан да го запрат насилството

Слободен печат

Гутереш: Бројката на жртви од ковид-19 е застрашувачка

Слободен печат