ДУИ - штаб / Фото: „Слободен печат“ - Зоран Димовски

ДУИ остана сама и на работ на уништување, велат од Вреди

Партијата нон грата ДУИ, остана сама, и на работ на уништување. Бидејќи оваа партија е позната како десна рака на казината, тие ги потрошија сите џокери што им беа на располагање, велат од Вреди преку соопштение.

„Принципите ги оставија на страна, интересот на граѓаните во фиоки, а состојбата на Албанците воопшто не им беше на дневен ред, коалицираа со сите политички партии само за да ја задржат власта. Но, денес сме во време на целосно демаскирање на оваа преполовена и уништена партија. ДУИ како единствена врата на која тропнаа албанците, се претвори во врата од пеколот, врата која не се отвора. Или кога се отвори вратата на ДУИ, на Албанец му се затвори врата и се отвори затворска врата. Така, наместо решение, оваа нон грата партија за време на своето делување затвори и малтретираа многу Албанци.

Тргнуваме од таму каде што почна промената, Албанците први ја разбираат дволичноста и лицемерието на оваа партија. Затоа на последните избори му го дадоа заслужениот одговор. Албанскиот граѓанин гласаше за осуда на оваа штетна партија за државата. А оваа казна ќе биде уште поостра на претстојните избори бидејќи веќе нема закани и уцени. Државата се ослободи, граѓаните дишат слободно. Ова не е се, бидејќи ДУИ, како што споменавме погоре како партија без принципи и политички морал, се обиде да коалицира и со СДСМ и со ВМРО. Но, на македонските партии не им требаа коалициони партнери кои им служеа на Никола Груевски и Сашо Мијалков, затоа денес ниту една од овие партии не сака ни да слушне за слугите на семејството Груевски – Мијалков.

За да продолжи понатаму, откако албанскиот народ со глас го осуди, македонските партии со целосен бојкот и со јасни причини, и меѓународниот фактор му го зададе последниот удар, со кој оваа партија е во “нокаут“, изведувајќи ги последните удари. ДУИ денес стана синоним за криминал и корупција, таа е најнепосакуваната партија во цела држава. Сега можат да ги обвинат граѓаните, па и македонските партии, но и меѓународниот фактор. Но, се фактитет што ја докажуваат реалната вистина. Не можете да си играте со судбината на граѓаните и да останете со бел образ, како што поцрнија многу животи на граѓани, полека полека овие безобразници си заминуваат и исчезнуваат од политичката сцена. Најголемата албанска коалиција, Вреди, е вратата на која граѓаните можат да чукаат. Вреди е најдобрата и единствена политичка опција во албанскиот табор“, се вели во соопштението на Вреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот