ДУИ: Од самиот почеток се гледа дека коалицијата помеѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива е несериозна

Седиштето на ДУИ во Мала Речица, тетовско / фото: МИА

Демократската Унија за Интеграција го коментираше потпишувањето на договорот за коалиционирање помеѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива. Според нив од самиот почеток се гледа дека се работи за несериозна коалиција.

-Изјавата на Зијадин Села, дека го предизвикува лидерот на ДУИ во која изборна единица сака да се натпреваруваат, е повеќе од глупава изјава. Потсетуваме дека на локалните избори во 2017 година, Села изгуби во својот роден град, во Струга, тој никогаш не сноси одговорност за поразот, исто така не презеде одговорност и по двата изборни порази- се вели во реакцијата на ДУИ.

Според нив, денешната коалиција не е ништо повеќе од една мала група која исто како и во изборите во 2016 година, и на 12 април, прават пазар со албанскиот глас.

-Со тоа тие ја оштетуваат политичката позиција на Албанците во екзекутивот и во парламентот. Сепак, свеста на албанскиот електорат ќе ја идентификува злобата на таканаречената “билатерална коалиција“ и нема да дозволат да се повтори 2016 година- се вели во реакцијата на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот