ДУИ не размислува за една изборна единица за 12 април

Коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ сега не размислува за една изборна единица. Според пратеникот Артан Груби, не е време сега да се менува изборниот модел, на само шест месеци пред избори.

-ДУИ знае што е најдобро за ДУИ, но и за граѓаните. Вчерашната средба беше неформална, ние остануваме на формалните ставови. Веќе сме усогласиле текст на закон. Во тој предлог не се дискутира за измени. Апсурдно е да се дискутира за изборен модел пред избори – рече пратеникот Артан Груби, на денешната прес-конференција во Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот