ДУИ: На Албанците им треба способен и конструктивен претставник, а не обични узурпатори и сериски губитници

Седиштето на ДУИ во Мала Речица, тетовско / фото: МИА

На Албанците од Северна Македонија не им е потребна недостоинствена и деструктивна опозиција која им се спротивставува на сите раководители на институции во Албанија и во Косово, наведуваат во соопштението од ДУИ.

-Овие узурпатори на албанската опозициска сцена не ги претставуваат албанските граѓани, ниту нивните гласачи кои се дистанцираат од овие скандалозни ставови на узурпирачките лидери на опозициските партии. Единствената цел на нивното недостоинствено однесување е да избегнат одговорност за сите порази и неуспеси и да продолжат со узурпацијата на нивните партии и албанската опозициска сцена. Ќе продолжете да стоите на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО во наредните четири години за да ги поткопате политиките што ги напредуваат Албанците во оваа земја- е наведено во соопштението на ДУИ.

Ве поканивме да ни се придружите, потенцираат од партијата, не за да не поддржувате, туку да владеете со нас и да ги споделуваме успесите заедно, но вие ја напуштивте албанската тркалезна маса и работевте дење и ноќе за неуспехот на историскиот договор за Албанците и сите граѓани од Северна Македонија.

-Албанците не само во Македонија, туку секаде нема да го заборават или простат ова недостоинствено, деструктивно и срамно однесување. Г-н Али Ахмети и ДУИ ветија дека ќе продолжат да работат за достоинствена опозиција затоа што на Албанците им треба способен, достоинствен, визионерски и конструктивен претставник, а не обични узурпатори и сериски губитници- стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот